Свет Сепаратисти нападнаа патрола во Уганда, 55 лица убиени

Сепаратисти нападнаа патрола во Уганда, 55 лица убиени

Најмалку 55 лица се убиени во западниот дел на Уганда при жестоки судири на безбедносните сили на Уганда и на сепаратистите.

Судирите се поврзуваат со локалниот племенски поглавар кој не го признава претседателот на државата.

До судирот дошло кога сепаратистите, членови на племето Рвензуруру, ја нападнале патролата на безбедносните сили.

Според податоците на полицијата, загинале 14 полицајци и 41 сепаратист.