Македонија Сенатот предлага нов закон за високо образование, Министерството подготвено

Сенатот предлага нов закон за високо образование, Министерството подготвено

Во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегол предлог за нов закон за високо образование, му предлага Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Министерството за образование и наука.

Оваа одлука ја донел денес Универзитетскиот сенат, за која ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, со допис го информира министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

„Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на својата 26. седница, одржана на 30 јануари 2015 година, донесе одлука да Ви предложи во најкус можен рок да иницирате расправа со наставниците, студентите и со сите релевантни чинители во процесот на високото образование, заради сеопфатна, стручна и темелна анализа, од која ќе произлезе предлог за промени, односно нов закон за високото образование“, пишува Стојковски во писмото до Адеми.

Од Министерството за образование возвратија со соопштение во кое се вели дека овој предлог заслужува внимание.