Свет Сенаторот Тед Круз ќе се кандидира за претседател на САД

Сенаторот Тед Круз ќе се кандидира за претседател на САД

Републиканскиот сенатор од Тексас, Тед Круз, соопшти дека следната година ќе се кандидира за претседател на САД.

Четириесет и четиригодишниот Круз, покрај најавата на својата кандидатура, објави и краток видеозапис во кој вели дека верува во Америка и во Американците и се надева на нивната поддршка.

Круз е првиот републиканец кој официјално се кандидира за претседател и кој ќе учествува во партиската трка за номинација.