Македонија Села: Рама не најави вето за НАТО

Села: Рама не најави вето за НАТО

Зијадин Села, претседател на движењето за реформи во ДПА и градоначалник на општината Струга, смета дека во говорот на албанскиот премиер Еди Рама нема најава за вето.

– Мислам дека не се работи за вето затоа што она што јас го сфатив е дека Рама рече дека ќе ја поддржи Македонија за членка на НАТО кога ќе се имплементра Охридскиот договор. Премиерот на Албанија има уставно право да се грижи за Албанците кои се надвор од државата. Од друга страна, во секој извештај на Европската унија има барања за целосно имплементирање на Охридскиот договор и обврска на Македонија е да го заврши тоа – вели Села.