Спорт СЕХА-лигата го казни Металург за пропуштениот натпревар со Загреб

СЕХА-лигата го казни Металург за пропуштениот натпревар со Загреб

Поради неиграње на натпреварот со Загреб на гостински терен, СЕХА-лигата го казни македонскиот ракометен шампион Металург со службен пораз, одземање еден бод и со парична глоба од 2.000 евра. Тимот од Автокоманда треба да му ги надомести и трошоците на Загреб за организација на натпреварот.
Натпреварот Загреб – Металург требаше да се одигра на 5 ноември, но поради бојкот, ракометарите одбија да заминат за Загреб и средбата не се одржа.
Металург на 22 ноември ќе одигра дуел со шпанска Ла Риоха во ракометната Лига на шампиони, а следниот натпревар во СЕХА-лигата го игра на 10 декември против Вардар.