Македонија Сега треба да се спроведат итните реформи и да има владеење на...

Сега треба да се спроведат итните реформи и да има владеење на правото, порача Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека му честитал на премиерот Зоран Заев за формирањето нова влада.

„Разговарав денеска со премиерот Заев и му честитав за неговите нови одговорности. Се согласивме за важноста од итно спроведување на реформите, вклучувајќи го доброто владеење и владеењето на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на поранешната југословенска Република Македонија и ќе ги напредне евроатлантските аспирации на земјата“, се вели во соопштението.

Тој истакна дека НАТО е заинтересирана за стабилна, демократска и просперитетна Македонија, како дел од стабилен Западен Балкан.

„Како што Скопје ќе напредува, така НАТО ќе продолжуваа да дава поддршка преку нашата канцеларија во главниот град“, додава Столтенберг.