Подглавна секција Седумнаесетгодишна девојка осомничена дека убила 16-годишно момче и го турнала во реката...

Седумнаесетгодишна девојка осомничена дека убила 16-годишно момче и го турнала во реката Пена

Фото: Порталб

Основното јавно обвинителство – Тетово соопшти дека до надлежниот суд поднело барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишна девојка, која ја товари за убиство на 16-годишното момче, чие мртво тело беше пронадено вчера во реката Пена, по 7-часовна потрага.

Според тетовското обвинителство, осомничената девојка со умисла го лишила од живот момчето од Ново Село, општина Желино.

По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче над Тетово, таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, стои во соопштението од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил предлог за притвор за осомничената.