Свет Европа Седуммина загинати во пукотници врз храм на Јеховини сведоци во Хамбург

Седуммина загинати во пукотници врз храм на Јеховини сведоци во Хамбург

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди „бруталниот чин на насилство“, додавајќи дека неговите мисли биле со жртвите од овој напад

Фото: Roman Zipp on Unsplash

Вкупно седум лица загинаа, а 25 се потешко повредени во нападот со пукање од огнено оружје на храм на Јеховини сведоци во германскиот град Хамбург, пренесе Гардијан. Според полицијата, на местото на настанот имало безживотно лице за кое се верува дека е напаѓачот. Засега нема информации зошто се случил нападот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, го осуди „бруталниот чин на насилство“. Тој рече дека неговите мисли биле со жртвите, а во заедницата на Јеховините сведоци во Германија рекоа дека членовите на заедницата биле цел на „ужасен напад“.

Брзо после нападот кој се случил околу 21 часот, портпаролот на полицијата во Хамбург изјавил дека нема индиции оти напаѓачот е во бегство и дека истрагата е во тек.

Улиците во тој дел на градот се затворени. Граѓаните со смс порака беа предупредени да ја избегнуваат областа во која се случил нападот. На локалното население му било кажано да остане во затворени простории и да ги користи телефоните само „во екстремна итност“ за да не се преоптоварува мрежата.