Свет Свет Седум загинати во три бомбашки напади во Нигерија

Седум загинати во три бомбашки напади во Нигерија

Најмалку седум лица денеска загинаа во три самоубиствени напади во нигерискиот град Мајдугури.

Како што јавуваат локалните медиуми, нападите се случиле во квартот Аџилари Крос, кој во изминатиот месец двапати беше мета на самоубиствени напади.

Првиот напад беше изведен на 20 септември, при што загинаа 117 лица, додека вториот на 1 октомври, кога загинаа 10 лица, а 39 беа повредени.