Свет Балкан Седум загинати во напад на воен конвој во Турција

Седум загинати во напад на воен конвој во Турција

Најмалку седум лица загинаа во експлозија што погоди воен конвој во Југоисточна Турција, а има и повредени, јавува „Раша тудеј“.

Конвојот се движел по автопатот што ги поврзува Дијарбакир и Бинглол.

Експлозијата доаѓа еден ден откако автомобил-бомба експлодира во турскиот главен град Анкара, при што загинаа 28 лица, а 61 се повредени.

Турските власти, врз основа на отпечатоци од прсти, успеале да го идентификуваат лицето што вчера го изврши нападот. Станува збор за Сириец, пишува денеска турскиот весник „Јени шафак“, притоа не наведувајќи ги изворите.

Весникот наведува дека нападот го извршил Салих Неџар, кој наводно во Турција влегол заедно со бегалците од Сирија.

Автомобилот со кој е извршен нападот пред две недели бил изнајмен во Измир.

Засега никој не презеде одговорност за вчерашниот напад.