Свет Седум лица загинаа во нова ерупција на вулканот во Индонезија

Седум лица загинаа во нова ерупција на вулканот во Индонезија

Во ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија загинаа најмалку седум лица од селото Гамбер, четири километри оддалечено од вулканот.

Синабунг синоќа исфрлил голема количина на пепел и чад, а потокот создаден од лава ги загрозува животите на луѓето во селата околу вулканот.

Првата ерупција во модерната историја на таа локација се случила во 2010 година по повеќе векови мирување. Тогаш загинаа две лица, а повеќе од 30.000 беа евакуирани.

Во ерупцијата која се случи во 2014 година загинаа 16 лица.