Економија Се зголемува прометот во индустријата

Се зголемува прометот во индустријата

Прометот во индустријата во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 14,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во февруари, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 5 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 15,7 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари, во однос на истиот месец лани,
бележи пораст кај интермедијарни производи освен енергија за 7,3 отсто, капитални производи за 32,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 13,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 13,9 отсто.