Видео Се запали хеликоптер на британското Кралско воено воздухопловство

Се запали хеликоптер на британското Кралско воено воздухопловство

Хеликоптер за обука на британското Кралско воено воздухопловство денеска морал принудно да слета на планински врв во Велс, по што се запалил, соопшти британското Министерство за одбрана.

Сите четири лица кои биле во хеликоптерот Грифин безбедно го напуштиле леталото во кое се појавило „технички проблем“, стои во соопштението и се додава дека хеликоптерот по слетувањето се запалил.
На снимките, кои ги направиле планинари се гледа густ чад како се издига над врвот Ир Аран на планинскиот венец Сноуданија, на северот на Велс.

Полицијата и итната помош веднаш пристигнале на местото на инцидентот.