Свет Сè уште траат судирите меѓу владините сили и талибанците во Кундуз

Сè уште траат судирите меѓу владините сили и талибанците во Кундуз

Судирите меѓу авганистанските сили и талибанците и понатаму траат во Кундуз, важно стратешко место на северот на Авганистан, јавуваа „Би-Би-Си“.

Официјалните авганистански претставници претходно јавија дека ја имаат контролата над главните делови на градот.

Според жителите на градот, талибанците се потиснати во центарот на градот, а судири се регистрирани и во канцеларијата на гувернерот на покраината Кундуз.