Дописници Сè уште непознат идентитетот на жената што почина во сообраќајка кај Сарамзалино

Сè уште непознат идентитетот на жената што почина во сообраќајка кај Сарамзалино

Сè уште не е утврден идентитетот на жената што починала во синоќешната сообраќајка кај Сарамзалино.

Според штипската полиција, жената починала на местото на несреќата, откако автомобилот, марка „хјундаи“ со штипски регистерски таблички, синоќа во 21.45 часот  се превртел и завршил на покривот. Телото на несреќната жена е предадено на обдукција и се очекува да се дознае нејзиниот идентитет. Жената немала кај себе документи за лична идентификација. Била сопатник во возилото што го управувал 38-годишниот кочанчанец со иницијали Д.К. За возачот нема информации за евентуални повреди.

Возилото, кога се превртело, се движело на релација Штип – Велес. На местото каде се превртело има благо свртување на патот, каде се изведува реконструкција. Патот, според полицијата, е прописно обележан. Возилото претрпело значителна штета, која се проценува на 100.000 денари.