Македонија Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“...

Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел

Семафорите на булеварот кој се наоѓа на периферијата на градот не беа пуштени во употреба сто дена, што претставуваше закана за безбедноста на сообраќајот | Фото: Порталб.мк

Една недела по пишувањето на „Порталб.мк“, семафорите на една од двете раскрсници на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во скопската општина Бутел и понатаму се нефункционални, иако тоа претставува опасност за возачите, но и за пешаците што се движат по новата сообраќајница.

Возилата на овој булевар и понатаму се соочуваат со опасност во сообраќајот затоа што една од раскрсниците е без семафори уште од денот на пуштањето во употреба, односно од 7 мај. Денес е 18 јуни и ситуацијата сé уште е иста, иако „Порталб.мк“ веќе информираше за овој проблем, а побара и од надлежните власти да го средат проблемот, но барањето досега не беше земено во предвид, пишува „Порталб.мк“.

Град Скопје има доставено барање до ЕВН и тие треба да одлучат за тоа кога ќе почнат семафорите со работа. Од ЕВН велат дека работат на тоа, но на терен сè уште нема промена на состојбата.

„Во тек е реализација, поставени се барањата на градот, инсталиран е еден од семафорите, се работи за да ги изработиме и другите. Во моментот, работиме на изнаоѓање ново техничко решение поради дополнителните инвестициски проекти што се планираат на тој булевар“, ни рекоа денес од ЕВН.

„Порталб.мк“ неофицијално дознава дека барањето на Град Скопје до ЕВН е поднесено еден месец откако булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ бил пуштен во употреба. На инаугурацијата на истиот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Новиот булевар е широк 40 метри, има шест ленти од по три и пол метри. Од обете страни има велосипедски патеки и тротоари, средишен зелен простор и зелен појас од двете страни на булеварот. Поставена е фекална и атмосферска канализација, како и 140 столбови за осветлување на булеварот.

Сè додека Градот Скопје не ги стави во функција семафорите на оваа крстосница, хаотичното регулирање на сообраќајот ќе преставува опасност за граѓаните што се движат по оваа улица.