Свет Сè уште неизвесен датумот за средба помеѓу Путин и Трамп

Сè уште неизвесен датумот за средба помеѓу Путин и Трамп

Сè уште не е одреден конкретен датум за првиот состанок на рускиот претседател Владимир Путин и избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Ова го изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

– Секако дека состанокот помеѓу двајцата лидери е можен, но кога тој ќе се случи, не е познато – изјави Ушаков.

Путин и Трамп првпат разговараа на телефон пред две недели, кога се договорија да ги продолжат контактите со можност и за лична средба.