Свет Се урнаа два „Блек Хок“ хеликоптера на американската армија

Се урнаа два „Блек Хок“ хеликоптера на американската армија

Во тек е истрага за причините за несреќата

U.S. Navy photo by Chief Mass Communications Specialist Greg Bingaman, Public domain, via Wikimedia Commons

Два „Блек Хок“ хеликоптера на американската армија се урнаа за време на тренинг мисија над Кентаки. Статусот на членовите на екипажот во моментов не е познат, рече во изјава за Ројтерс портпаролот на армијата на САД, Нондис Турман, без да открие детали за бројот на луѓе кои се наоѓале во авионот.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рече дека ова е тешка вест и оти се очекуваат бројни жртви, пренесува „Гардијан“.

Локалните власти информираа дека инцидентот се случил околу 21 часот и 35 минути по локално време, во областа Триг Каунти во близина на големата воена база Форт Кембел.

Во изјава за Би-би-си, портпаролот на Форт Кембел рекол дека два „Блек Хок“ хеликоптера се урнале за време на „рутинска мисија за обука“.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Станува збор за хеликоптери од единствената дивизија за воздушен напад во американската армија, која често е испраќана во конфликтните зони на меѓународно ниво.