Свет Се урна воен хеликоптер во Алжир – загинаа 12 војници

Се урна воен хеликоптер во Алжир – загинаа 12 војници

Дванаесет алжирски војници загинаа во пад на хеликоптер, објави алжирското министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во покраината Адрар, на југозападот на земјата и оти уште двајца војници се повредени.

Истрагата е во тек, но причина за несреќата веројатно е лошата видливост која е последица на песочните бури кои во последните денови го зафатија регионот.