Свет Се урна странски дрон во Иран

Се урна странски дрон во Иран

Странско беспилотно летало за набљудување вчера се урнало во југозападниот дел на Иран, јави денеска иранската новинска агенција „Фарс“.

Дронот се урнал во предградие на градот Шус, кој се наоѓа во близина на границата со Ирак.

Засега не се открива дали дронот е соборен ниту, пак, на која земја припаѓа.