Свет Европа Се урна мал руски авион – само четиригодишно дете преживеало

Се урна мал руски авион – само четиригодишно дете преживеало

Осум лица загинаа при пад на мал авион“ Л-410 на подрачјето на градот Нељкан, на истокот на Русија, соопшти руското Министерството за вонредни ситуации во земјата.

Само еден патник ја преживеал несреќата, станува збор за четиригодишно дете кое веднаш е хоспитализирано со тешки повреди.

Засега не се знае која е причината за несреќата. Истражниот комитет утврдува дали авионот паднал поради лошите временски услови, пилотска грешка или техничка неисправност.