Хроника Се судрија македонско и буграско возило во Србија, еден загинат

Се судрија македонско и буграско возило во Србија, еден загинат

Едно лице загина, а седуммина се повредени кога македонско и бугарско возило имале тешка сообраќајна несреќа, која се случила вчеравечер околу три часот изутрина, во Србија на Ибарската магистрала, на влезот кај Железник. Во судирот, кој се случил помеѓу „голф“ со македонски регистарски таблички и „фиат“ со бугарски регистарски таблички, загина 45-годишниот бугарски државјанин, а повредено е и четиригодишно девојче.

Потешко повредена е и жена на околу 40 години, која била префрлена на реанимација во Ургентниот центар бидејќи имала тешки повреди на главата и била пронајдена во бессознание.

Првичните сознанија се дека „фиатот“ ненадејно преминал на левата страна на коловозот и се судрил со „голфот“. Се претпоставува дека несреќата ја предизвикал загинатиот буграски државјанин, кој, најверојатно, заспал возејќи.