Свет Европа Се урна „канадер“ гасејќи го катастрофалниот пожар во Португалија

Се урна „канадер“ гасејќи го катастрофалниот пожар во Португалија

„Канадер“ кој го гасел катастрофалниот пожар во Португалија денеска се урна во областа Педрогао Гранде, јавуваат светските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви.

Како што пренесува ХРТ, екипажот на „канадерот“ го сочинувале две лица.

Во пожарот, кој избувна во саботата во централниот дел на Португалија, животите ги загубија 64 лица, а повеќе од 150 се повредени. Голем дел од жртвите настрадале во своите автомобили, додека се обидувале да побегнат од огнената стихија.

Повеќе од 1.000 пожарникари и „канадери“ од неколку земји учествуваат во гаснењето на големиот пожар.