Економија Се спроведува истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите

Се спроведува истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите

Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија (ОЛАФ) ќе спроведе истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, потврдиле од канцеларијата за „Радио Слободна Европа“.

Истрагата е во тек и сè уште не можат да кажат за колкава сума се работи.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте во интервју за „Мета“ изјави дека „има екстремно високо ниво на корупција, па дури и во ИПА-фондовите“.