Свет Балкан Се самозапали бегалец на Хиос

Се самозапали бегалец на Хиос

Млад бегалец од Сирија е префрлен со тешки изгореници од островот Хиос во Атина откако се обиде да се самозапали во бегалски камп. Момчето на возраст од 29 години се лекува во Атина со тешки рани. Хоспитализиран е и грчки полицаец кој се обидел да го спречи во обидот да се запали среде полниот бегалски камп на островот.

Сè уште не се познати причините поради кои момчето се обидело да се самозапали. Претпоставките на грчките медиуми се дека се работи за обид за протест поради тоа што бил заглавен во бегалскиот камп подолг период. Според информациите во Грција, бегалецот од Сирија бил во кампот на Хиос од 22 март годинава.

Момчето на простор каде што имало уште десетици други бегалци, жени и деца, се полеал со запалива течност и се заканувал дека ќе се запали. Полицаецот му пришол од зад грб за да се обиде да ја собори запалката од неговата рака, но во истиот момент бегалецот се запалил.

Полицаецот е со полесни повреди на телото и на лицето, но бегалецот има сериозни повреди на повеќе од 80 отсто од телото.