Свет Балкан Претпоследниот дел од автопатот Приштина – Скопје денеска ќе се пушти во...

Претпоследниот дел од автопатот Приштина – Скопје денеска ќе се пушти во употреба

Министерството за инфраструктура (МИ) на Косово денеска ќе го пушти во промет третиот и претпоследен сегмент на автопатот „Арбен Џафери“, кој ја поврзува Приштина со границата со Македонија на граничниот премин Генерал Јанковиќ, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Свеченоста кај Качаник ќе се одржи под мотото „Не за брзината, да за безбедноста“, во рамките на кампањата за кревање на свеста кај возачите за зголемување на безбедноста во сообраќајот.