Економија Мерки против фирмите кои наплаќаа деактивација на фискалните каси

Мерки против фирмите кои наплаќаа деактивација на фискалните каси

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денеска соопшти дека заедно со директорот на Управата за јавни приходи, презеле мерки против фирмите производители на фискални апарати кои бараат дополнително да им се плати за одјавување на фискалните каси.

– Не смеат да ги уценуваат фирмите ниту, пак, да им бараат дополнителни трошоци за одјавување доколку сакаат да се префрлат од еден на друг производител. Мора да бидат ставени на пазарот кој се базира на квалитетот на фискалниот апарат и на цената – рече Ставрески, апелирајќи сите вакви случаи да бидат пријавени во УЈП.