Свет Се повлече водата зад браната во САД, се очекуваат нови поројни дождови

Се повлече водата зад браната во САД, се очекуваат нови поројни дождови

Водата зад најголемата брана во САД, на северот на Калифорнија се повлекла, јавуваат американските медиуми.

Инженерите брзо ја исфрлаат водата од преполниот резервоар и го зајакнуваат помошниот преливник на браната на езерото Оровил, пред новиот бран поројни дождови кои се најавени за утре.

Властите соопштија дека ја спречиле непосредната опасност од катастрофално пукање на браната, кое би можела да ги поплави околните места, а нивото на водата да достигне висина и до трикатна куќа.