Дописници Сè повеќе средношколци од Голо Брдо учат во Охрид

Сè повеќе средношколци од Голо Брдо учат во Охрид

Учениците од областа Голо Брдо во Албанија, по завршувањето на основното образование, нејчесто го избирааат Охрид како место каде го продолжуваат средното образование.

Во моментов во Охрид двајца средношколци го продолжија образованието во средното медицинско училиште, еден во средното економско и двајца во угостителското училиште.

Велат дека се многу задоволни со учењето и со однесувањето на професорите, со начинот на кој им помагаат да ги совладуваат методолошките единици во училиштето, но и со прифатеноста и со можноста да се интегрираат со врсниците во училиштата и во градот.

За сето ова, се интересираше и го истакна како позитивен пример, претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, кој претпразнично ги посети во нивните нови средини.

Ѓурѓај, и во ова пригода, ја истакната заложбата што повеќе деца од Голо Брдо, но и од други региони каде живеат Македонци, да бидат испраќани во Република Македонија за да се образуваат во матичната држава Република Македонија.

– Во Република Македонија, но и кај нас, во политичките и граѓански асоцијации на Македонци, се создава перцепција дека нас нè има само во Мала Преспа. Тоа не е точно и не е добро. Фокусот на интересот за Македонците треба да биде еднаков и кон оние од Голо Брдо, од Гора, како и поголемите градски средини како Корча, Поградец, па и самата Тирана – вели Ѓурѓај.