Свет Балкан Сè поголем бројот на удавените во двата бродолома во Егејско Море

Сè поголем бројот на удавените во двата бродолома во Егејско Море

Вкупниот број на бегалци што се удавиле во двата бродолома во Егејско Море се искачи на 42.

Еден брод потонал во близина на грчкиот остров Калолиманос и во него имало 34 лица, вклучувајќи и 11 деца.

Уште осум лица се удавиле во брод што потонал во близина на островот Фармакониси.

Повеќе милиони бегалци стигнале во Европа минатата година. Повеќе од 700 починале во Егејско Море при преминување од Турција кон Грција.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин ќе се сретне со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, со кој ќе разговара за бегалската криза.

На состанокот ќе присуствуваат и министри на двете влади.