Македонија Се подготвува закон за државен инспекторат за употреба на јазиците

Се подготвува закон за државен инспекторат за употреба на јазиците

Министерството за правда подготвува предлог на закон за Државниот инспекторат за употреба на јазиците. Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека формирањето на инспекторатот е во согласност со член 20 од Законот за употреба на јазиците, каде се предвидува овој орган да функционира во состав на Министерството за правда.

Целта на формирањето на инспекторатот е мониторирање и надзор врз примената на Законот за употреба на јазиците во земјава.