Дописници Се одржаа Мариовско-мегленските средби

Се одржаа Мариовско-мегленските средби

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, го означија стартот на четвртата по ред велосипедска тура и ги отворија 31. по ред Мариовско-мегленски средби. Покрај велосипедската тура, чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик за да се задоволат потребите на околу 700 учесници од Балканот и пошироко.