Економија Се намалуваат цените на индустриските производи

Се намалуваат цените на индустриските производи

Продажните цени на индустриските производи се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 2,9 проценти, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 1 процент и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 отсто.