Економија Се намалуваат извозот и бројот на вработени во металургијата

Се намалуваат извозот и бројот на вработени во металургијата

Индустриското производство во првите пет месеци од годинава, споредено со лани истиот период, бележи минорно намалување, но во мај е забележан поголем пад. Извозот и бројот на вработените во металската индустрија, исто така, се намалени.

Производите и рудите на металите учествуваат со 18,9 проценти во вкупниот извоз, а таа бројка некогаш достигнувала и до 30 проценти.

– Состојбите во челичната индустрија во светот не е добра, европската економија е послаба од очекуваното. Во вакви услови на соочување со депресија на пазарите, потребна е вештина за да се задржи падот – изјави Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

До крајот на годината се очекува загарантирано производство и реализација на нарачките.

За поголема конкуретност на светските пазари, потребна им е добра патна инфраструктура, конкурентни железнички услуги и стабилен енергетски систем.

Грчкиот пазар не е многу значаен за челичната индустрија и, според Кочовски, кризата на јавните финансии и трговско-деловните односи се две различни работи. Кај компаниите од овој сектор, нема индиции за нарушувања.

Металуршкиот сектор учествува со 11,1 отсто во БДП.