Економија Се намалува цената на катастарските услуги

Се намалува цената на катастарските услуги

На денешната седница Владата го усвои предлогот за измена и за дополнување на тарифникот на услугите што ги дава Агенцијата за катастар.

„Владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и за дополнување на тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто“, стои во соопштението.

Министрите ја усвоија и информацијата за преземените активности за склучување меѓувладин договор за имплементација на FATCA-режимот во Република Македонија и за позициите на САД во однос на потребата од склучување на договор со Република Македонија за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act -FATCA).

Ваквиот даночен режим има цел да го спречи даночното затајување на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.