Економија Се намалува кредитирањето на компаниите

Се намалува кредитирањето на компаниите

Кредитирањето во мај се намалило за вкупно 6,8 милиони евра на месечно ниво. Значајно намалување на кредитирањето се забележува кај компаниите и тоа за 29,6 милиони евра.

За разлика од намалувањето на кредитирањето на компаниите, во мај  е забележано зголемување на кредитирањето на населението со нови 23 милиони евра.

Во април, кредитирањето на населението изнесувало 2.031.983.739 евра, а во мај 2.055.056.910 евра.