Македонија Се излеа Брегалница во Штип

Се излеа Брегалница во Штип

Реката Брегалница е излеана од својот тек и е поплавена целата трим-патека во населбата 8 Ноември, додека реката Отиње полека ги зголемува штетите по својот тек, објави „Прес 24“ .

Останува да се чека надлежните служби да утврдат дали повторно ќе има редуцирано движење на критичните места, особено на некои мостови.

Општина Штип, во координација со ЦУК, Владата и со градоначалниците од регионот, презема мерки за заштита на населението и на имотите од излевање на Брегалница во Штипско.

Се очекува итна седница на кризниот штаб. Водостојот во коритото на река Отиња во Штип се намалува, но сè уште постои опасност од надоаѓање на вода.