Дописници Се гради пречистителна станица во Прилеп

Се гради пречистителна станица во Прилеп

Заедничкиот проект на Владата и на ЕУ за изградба на пречистителна станица во Прилеп, продолжува да се реализира.

Во реката Оревоачка во Прилеп се поставуваат колекторски системи за прочистување на отпадните води, како битна етапа од целосната реконструкција на застарената канализациска и водоводна мрежа, а исто така и за комплетно уредување на коритото на реката.

Според надлежните од ЈКП „Водовод и канализација“, со овој прокет Прилеп долгорочно го решава проблемот со водоснабдувањето, но и со прочистувањето на отпадните води, што е особено важно заради зачувување на животната средина.