Македонија Се чека абер од Груевски за нова лидерска средба

Се чека абер од Груевски за нова лидерска средба

Сè уште не се знае дали денеска и кога воопшто ќе се сретнат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА.

Од неофицијални извори дознаваме дека моментално се очекува премиерот Никола Груевски да се произнесе околу последниот предлог што опозицијата го ставила на маса.

Изворите информираат и дека пред да се одлучи дали ќе има или ќе нема средба, Груевски ќе треба да се сретне насамо со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Ако падне одлука денеска да се одржи лидерска средба, тоа, најверојатно, ќе биде во попладневните часови.