Македонија СДСМ: Заврши изолацијата на земјата и молчењето за разговорите

СДСМ: Заврши изолацијата на земјата и молчењето за разговорите

СДСМ реагираше на обвинувањата од утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ денеска. Владејачката партија порачува дека завршило времето на криење на битните работи од граѓаните.

„Заврши времето на изолација и на конфликти со демократскиот цивилизиран свет, во која ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години. Дојде крајот на тајното преговарање и на држењето на јавноста и на граѓаните во информативен мрак во врска со односите што ги воспоставува нашата земја со соседните земји и со меѓународната заедница“, се вели во реакцијата на владејачката партија.