Македонија СДСМ: Заради криминалот, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се готови да ја жртвуваат стабилноста...

СДСМ: Заради криминалот, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се готови да ја жртвуваат стабилноста на Македонија

„Ширењето лажни вести, насилничката реторика и создавањето поделби меѓу граѓаните, само заради заштита на криминалот, е најголемото антидржавно однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За да ги задоволат криминалните апетити и за да се спасат од одговорност,  Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го блокираат целиот државен систем и да ја жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето“, порача СДСМ денеска во реакција на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту една лага, ниту една закана за наводи редефинирања, промена на знамиња и на имиња, нема да ја сменат реалноста во која ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, бидејќи мнозинството граѓани одлучно гласаше против нивните промашени политики. Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и на законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот. Парламентарното мнозинство е должно да им го обезбеди тоа и тоа ќе го направи наскоро преку целосно почитување на Уставот и на законите на Република Македонија“, нагласува СДСМ.
Партијата вели дека Република Македонија ќе добие нов собраниски претседател, нова реформска влада и инситуции кои „ќе ја заштитат унитарноста и уставниот поредок на државата“.