Македонија СДСМ: Заев имаше средба со претставник на италијанска амбасада, а не со...

СДСМ: Заев имаше средба со претставник на италијанска амбасада, а не со амбасадорот

Зоран Заев го информираше Основен суд Скопје 1 дека треба да има средба со претставник на Амбасадата на Италија, а не со италијанскиот амбасадор, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев, на која тој обвини дека Заев го излажал судот.

„Соочен со промените за кои гласаа повеќе од 600.000 граѓани и од почнатите демократски процеси, Груевски измислува непостоечки теми, за што денеска е изнесен да лаже членот на партијата Драган Данев. Во прилог е официјалното известување до Основниот суд Скопје 1 во кое, како што може да се види, судот се информира за средба со претставник на Амбасадата на Италија. На средбата беше присутен конзулот на амбасадата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачуваат медиумите да не ги пренесуваат, како што велат, манипулациите на Груевски и да не подлегнуваат на неговите обиди да се оттргне вниманието од катастрофалниот пораз на изборите.