Дописници СДСМ: За Никола Груевски жените се само бројка

СДСМ: За Никола Груевски жените се само бројка

СДСМ, преку разгранокот во Охрид, ја обвини локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид дека слично како и во други градови во Македонија, врши притисок врз вработените жени во медицинските установи, во образованието, во јавните претпријатија и во општинската администрација, да присуствуваат на партиски настан во Скопје.

– Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара, по секоја цена, да ги полнат автобусите на Никола Грувски и да се задоволи неговата сакана бројка. Очигледно, Никола Груевски жените од Охрид ги смета само за бројка – реагираат од СДСМ.

За нив, ова е потценувачко и навредувачко за секоја жена. Во демократски општества со Устав е загарантирано правото на граѓаните за слобода на своето определување и партиско дејствување.

– Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупотреби на државните институции следува одговорност. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, свесни дека секојдневно сè повеќе ја губат довербата кај граѓаните, употребуваат фашистички методи, со уцени, закани и со притисоци – се вели во партиското соопштение.