Македонија СДСМ: За Груевски и за фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

СДСМ: За Груевски и за фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не презедоа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух, обвинуваат од СДСМ.

„Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух. Во Скопје и во Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните честички ПМ10, што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните. Во Битола и во Кичево концентрацијата на честичките ПМ10 е високи деветпати над дозволеното, додека во Кавадарци и во Велес е речиси осумпати над дозволената граница. И покрај бројните апели, и покрај сите ризични последици, Груевски нема слух за овој сериозен проблем што е опасен по здравјето на граѓаните. „Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски се фокусирани на богатењето на фамилијата, бизнис-интересите на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески. Здравјето на граѓаните, за Груевски и за фамилијата, е неважно“, реагираат од партијата.

Од СДСМ се загрижени за здравјето на граѓаните и бараат веднаш да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци, Град Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да почне со санирање на сите уништени зелени површини, да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и за инсталација на енергетски ефикасни апарати и да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.