Македонија СДСМ в четврток со „бомба“ и со марш во Охрид

СДСМ в четврток со „бомба“ и со марш во Охрид

В четврток во Охрид, опозицискиот СДСМ ќе ја презентира 21. таканаречена политичка „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“.

Ќе бидат објавени нови прислушувани разговори, кои, според најавите, ќе се однесуваат на Охрид и, главно, ќе бидат поврзани со случувања од локалните избори, по примерот на еден веќе обелоденет разговор, во кој се бара отстранување, односно приведување на опозициски активист.

Настанот ќе се случи во хотелот „Ривиера“, а ќе биде организирана и протестна поворка низ градот.