Економија СДСМ: Власта на Груевски нè задолжува по 2 милиона евра на ден

СДСМ: Власта на Груевски нè задолжува по 2 милиона евра на ден

„Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по два милиона евра. За последниве девет месеци, вкупниот јавен долг на Македонија се зголемил за повеќе од половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со објавата на јавниот долг од страна Министерството за финансии.

Од опозициската партија порачуваат дека „ќе има ревизија на сите задолжувања на граѓаните што ги направи и продолжува да ги прави неодговорната власт на Никола Груевски“.

– Вкупниот јавен долг со секој нов ден од овие неодговорни луѓе на власт достигнува историско ниво. Од вчера долгот и официјално е 4 милијарди 760 милиони евра. Секое бебе се раѓа со долг од 2.274 евра – се додава во соопштението.