Македонија СДСМ: Вангеловски призна какво е судството во Македонија, ете затоа ќе има...

СДСМ: Вангеловски призна какво е судството во Македонија, ете затоа ќе има промени!

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој со години е дел од инсталациите во „сваровски-судството на фамилијата“ и кој, како што можеа да слушнат граѓаните од „Вистината за Македонија“, договарал со власта на Груевски судски пресуди, добро што признава дека на судството му треба заздравување, порачува СДСМ.

Партијата реагирајќи на изјавите на Вангеловски по изборот, вели дека владата предводена од СДСМ ќе обезбеди „реформирано и независно судство, кое ќе одлучува според професионални стандарди, а не како досега, по нарачки од партиски штабови“.