Дописници СДСМ утре со „бомба“ во Штип

СДСМ утре со „бомба“ во Штип

Нови снимки со прислушувани разговори опозицискиот СДСМ ќе објави утре, на прес-конференција во Штип. Претседателот на општинската организација во Штип, Владимир Милошев, не даде детали за содржината на разговорите што ќе бидат објавени и ги повика граѓаните на попладневниот марш, кој ќе го предводи лидерот Зоран Заев.

– Маршот ќе почне пред новата Пошта, во населбата 8 Ноември, ќе се движи низ улицата Борис Кидрич, низ централното градско подрачје до плоштадот Слобода – изјави Милошев.

На плоштадот е планирано обраќањето на Заев.

Агендата е иста како и во другите градови: прес-конференцијата е закажана за 14 часот, додека маршот во 18.30 минути.