Македонија СДСМ: Управен суд расправал по тужбата за изборите без претставници на СДСМ

СДСМ: Управен суд расправал по тужбата за изборите без претставници на СДСМ

Судскиот совет во Управен суд кога одлучувал по тужбата на СДСМ за гласањето во избирачкото место 2011 во Теарце, ја отворил и ја завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, односно претставници на СДСМ, соопштуваат денеска од партијата.

„Судскиот совет не достави покана за седницата до подносителот на тужбата, СДСМ, туку несоодветно, известил за одржувањето на седницата по предметот преку интернет, утрово во 09.47 часот и истата ја одржал само 40 минути потоа. Со тоа е скратено правото на образложение на тужбата од страна на СДСМ. Укажуваме дека институциите на системот се должни да работат во служба на граѓаните на Република Македонија, без какви било калкулации во постапувањето и во одлучувањето“, велат од СДСМ.