Македонија СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение порача дека градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на скопјани им должи само оставка.

Од партијата сметаат дека за Трајановски поважно било да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби.

„Коце треба веднаш треба веднаш да поднесе оставка затоа што за него и ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше „Скопје 2014“, наместо канализацијата за жителите на Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен. Затоа Коце Трајановски не може да зборува за иднината на граѓаните на Скопје. Коце Трајановски е веќе осма година градоначалник на Скопје. Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично за се тоа што не направил“, пишува во соопштението на СДСМ.